n Ден 15 - Balansplus.mk
Ден 15
14/04/2019

Појадок: „Студени“ житарки

Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Една шолја Light млеко или 250 g Balans+. Една шолја исечкани јагоди или друго ситно сечкано сезонско овошје. 1 голема шолја црно кафе

Ручек: Брза салата со туна и ленено семе

Процедете ја туната од маслото во конзерва , исечкајте неколку листови добро измиена марула, додадете 1 младо кромитче, 2 ротквици, 1 морков, 1 краставица, 1 лажица мелено ленено семе, малку хималајска сол и сок од лимон. На крај додадете 2 супени лажици маслиново масо и промешајте.

Вечера: Потпечени печурки во фолија

Поголеми шампињони се мијат добро, секој поединечно се става на парче фолија, по редослед кромид, путер, печурка и зачини бибер, сол и малку мешан зачин. Така наредени секоја се затвора во фолијата, се ставаат да се печат во загреана рерна 20 минути на 180 степени.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана