
Зелен сок за детоксификација на организмот
29/06/2016
После напорен викенд или период на јадење на брза и нутритивно сиромашна храна, потребно е да направиме прочистување на организмот. Ви препорачуваме да го консумирате овој зелен сок наместо 1 оброк или ужина во текот на денот, кој ќе го ослободи организмот полесно од насобраните токсини.
Состојки:
- 2 краставици
- листови од целер
- 1 јаболко
- 1 излупен лимон
Сите состојки се цедат во соковник.