Знаеме ли како да постигнеме баланс во организмот и што треба да правиме
03/02/2023

Бројните физички, психолошки, социјални и еколошки промени кои се случуваат го менуваат квалитетот на животот. Многу од нас се стремиме кон поздрав начин на живот, физичка активност, умерена исхрана, бираме храна со ниска калориска вредност, а богата со хранливи материи и што уште не правиме за да го достигнеме чувството на леснотија и виталност. Потребата од ваква промена доаѓа од повеќе страни, живееме брзо, се храниме уште побрзо и нездраво, не внимаваме што внесуваме а стресот ни е додаток на сите дневни активности.

Ваквиот начин на живот на подолг период неминовно се одразува врз здравјето. Како? Чувството на замор е присутно постојано, стануваме раздразливи и нетолерантни и кон најмалите тривијални ситуации, телото ни е тешко, тромаво и имаме чувство на подуеност. Тоа се првите знаци дека рамнотежата во организмот е нарушена, потоа може да се појават и здравствени проблем а во некои случаи оваа појава може да биде и аларм за опасност. Потребна ни е промена.

Постигнувањето на вистинска рамнотежа е важно во секој аспект од нашиот живот, дури и кога станува збор за ситници како на пример каква храна внесуваме. Всушност може да се каже дека оттука, од исхраната започнува постигнувањето баланс во организмот а потоа и во животот. Иако денешната култура не секогаш придонесува за одржување рамнотежа, и во многу случаи промовира дури и екстремни активности, сепак може да се постигне и тоа само со мала заложба.

Правилната исхрана значи внесување храна во организмот што придонесува за неговата физиолошка и психолошка рамнотежа и ја зголемува нашата отпорност на стресот, инфекции и болести. Се започнува од дигестивниот баланс а се постигнува со здрава исхрана, консумирање јогурт со пробиотици и слушање на потребите на нашето тело.

Всушност ова го докажува и клиничката студија направена за Баланс+ јогуртот. Од анализа на резултатите од оваа студија, спроведена на повеќе учесници со симптоми на тегоби во дигестивниот систем и воопшто нарушена рамнотежа, се покажа дека работата на дигестивниот систем се регулира по само 10 дена редовно консумирање на 500 грама Баланс+ поделен во два оброка. Пробиотските култури Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium и пребиотикот олигофруктоза, застапени во овој јогурт влијаат и го подобруваат метаболизмот и варењето на храната.

Со регулирање на работата на дигестивниот систем започнува и балансот воопшто во организмот а и другите ефекти врз нашата психофизичка состојба што произлегуваат од пиењето на јогуртот Баланс+ а сите се потврдени со клиничката студија. Повеќе информации и детали за резултатите од студијата достапни се на линкот https://balansplus.mk/klinichka-studija-za-pozitivnoto-vlijanie-na-jogurtot-balans-vrz-patsientite/