n Ден 27 - Balansplus.mk
Ден 27
14/04/2019

Појадок: Протеинска палачинка

Во сад изгмечете 1 банана, додадете 1 лажица чиа семки, две белки, малку екстракт од ванила и по една лажица овесни снегулки и матете додека добиете хомогена смеса. Загрејте ја тавата со малку сончогледово масло и подгответе си протеински палачинки. 1 голема шолја кафе.

Ручек: Полнет модар патлиџан

Еден среден модар патлиџан го сечеме на половина по должина и го длабиме во средината. На страна пропржуваме кратко 100 g мелено јунешко месо, 50 g печурки, 1 пиперка и 1 морков со кромид.

Потоа ги полниме модрите домати и ставаме во загреана рерна да се пече на 200 степени околу 40-тина минути. Сервираме со салата рукола, маслиново масло, сол и лимон.

Вечера: Грилована риба ослиќ со пире од карфиол

Едно парче ослиќ филет ја грилуваме кратко на маслиново масло. На страна обарениот карфиол го блендираме со малку вода во која се варел, маслиново масло, сол и лук. Сервираме топло.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари