n 5 заблуди за маслиновото масло - Balansplus.mk
5 заблуди за маслиновото масло
28/06/2016

Овој вкусен, здрав и хранлив производ е многу покомплексен отколку што се мисли, а ако сакате да се осигурате дека го користите на правилен начин, прочитајте ги овие пет погрешни факти во врска со маслиновото масло.

Маслиновото масло од продавница секогаш е свежо – Иако добро се чува, маслиновото масло во продавниците може да е старо и до три години, а за разлика од виното, за маслото не важи она дека колку е постаро, толку е подобро.

Квалитетното маслиново масло се чува за салати, а поевтиното за готвење – Сосема погрешно. Колку е поквалитетно маслото толку подобро поднесува висока температура, а притоа не го губи квалитетот и ја прави храната повкусна и поздрава.

Маслиновото масло треба да се чува само во стаклени шишиња – Ова е делумно точно, важно е стаклото да биде темно бидејќи маслото реагира на светлината која му ја менува структурата и со тоа губи на квалитет, но и лимената амбалажа врши работа.

Не се пржи храна на маслиново масло – Истражувања покажале дека квалитетното масло не ги губи хранливите својства на високи температури, што значи дека слободно можете да пржите свежи намирници на него.

Маслиновото масло нема многу калории – Погрешно! Иако е многу здраво и хранливо, сепак е масло и содржи многу калории, но има ниско ниво на холестерол и е силен антиоксиданс со висока хранлива вредност.