n Баланс како животно мото - Balansplus.mk
Баланс како животно мото
13/07/2022

Секојдневната трка со времето, обврските и потребите кон себе и семејството, често знаат да се наметнат толку силно, што губиме осет за тоа што му правиме на телото и како таквиот начин на живот се одразува врз нас. Брзиот начин на живот се рефлектира врз сонот, станува нередовен, се јавува постојан недостаток на енергија, исцрпеност, демотивираност.

Заради темпото, често се прескокнуваат оброци или пак се консумира брза и нездрава храна. На крајот, по извесно време од ваков начин на живот, последици може да се јават и врз здравјето.

Единствениот начин да се спречи тоа е да се воспостави рамнотежа меѓу обврските, професионални и домашни, и потребите на организмот. Балансот меѓу тие две крајности треба да стане новата резолуција и животно мото.

За воспоставување рамнотежа потребно е да се направат мали но суштински промени. Започнете од промени во исхраната. Потребна ви е повеќе енергија да можете сè да исполните и квалитетно да ги извршите задачите. Воведете дневно мени што ќе влијае позитивно на телото.

Овошјето е препорачливо за почеток на денот, но за да добиете повеќе енергија комбинирајте го со пробиотски јогурт. Здравиот појадок ќе има позитивно влијание и врз целодневната снабденост на организмот со енергија. Протеините се тие што го снабдуваат организмот со енергија, а во комбинација со овошјето ќе обезбедат енергетски оброк, кој заситува подолго време.

Како извор на протеини се препорачуваат функционалните јогурти со пробиотици, како што е Баланс+, затоа што пробиотските култури што ги содржи овој јогурт ја одржуваат здрава и балансирана цревната флора. Со воведување Баланс+ во утринска рутина, се внесува потребниот баланс во организмот и се воспоставува нормално функционирање на дигестивниот тракт.

Природните влакна што ги содржи и присуството на добрите бактериски култури кои покрај регулирање на цревната микрофлора, поттикнуваат и добро расположение и ја обезбедуваат многу потребната енергија за успешен работен ден. Само 500g Баланс+ јогурт на ден, наутро за појадок и навечер со вечера, може да помогне да се обезбеди правилно функционирање на метаболизмот и да се воспостави рамнотежа на цревната флора, што резултира со значително подобар квалитет на живот.

Балансираната исхрана е почеток во новото животно мото. Кога ќе започнете со квалитетна и енергетска исхрана, воведете и редовна физичка активност. Квалитетната исхрана богата со протеини и белковини, ќе ве снабди со енергијата за сите тековни обврски и уште за два до три пати во неделата да практикувате некаков вид физичка активност.

Со воспоставување на вистински баланс во денот и воопшто во животот, доаѓаат и позитивните чувства, насмевката и леснотијата во исполнување на дневната рутина. Пробајте, функционира.

Коментари