Ден 10
10/02/2018

Појадок

Balans+ смути со овошје

Направете смути со 250 грама Balans+, една средна банана, 8 излупени и исчистени ореви и една лажица мелено ленено семе.
1 шолја црно кафе.

Ручек

Салата со пилешко

Измешајте две чашки исечкана марула, половина чашка исечкани печурки и четвртина чашка исечкан целер. Одозгора ставете 100 грама пилешки гради претходни подготвени на скара и наросете со една и пол лажица домашно подготвен оцет од босилек.

Едно парче ‘ржан леб.

Една шолја билен чај или вода.

Вечера

Пилешко со лимон

Потпржете на една лажица маслиново масло 100 грама пилешки гради заедно со две чашки исечкана зелка и две лажици свежо исцеден сок од лимон. Додадете четвртина чашка пилешки бујон. Сето тоа сервирајте го преку половина чашка сварени интегрални тестенини.

Една шолја билен чај или вода.

Коментари