n Ден 12 - Balansplus.mk
Ден 12
14/04/2019

Појадок: Чиа пудинг со прелив од малини

Состојки: 100 g јогурт Balans+, 2 лажици чиа семе, замрзнати малини (околу 50 g), пола чаша вода.

Подготовка: Измешајте  ги заедно јогуртот и чиа семето, оставете да отстои 10-15 минути. Направете густо смути од замрзнати малини, ако сакате поретко може да додадете повеќе вода. Сервирајте во чаша прво пудинг, па врз него прелив од малини или друго бобичесто овошје. Шолја црно кафе.

Ручек: Пилешко во сос од печурки

Загрејте 1 лажица маслиново масло во тава на средно-висока температура. Додајте 100 g пилешко филе, исечете го на парчиња и гответе со 1 чаша исечкани печурки и четвртина чаша ситно сечкан кромид и црвена пиперка. Пред крајот, тргнете од оган и додадете 2 супени лажици Balans+ кисело млеко, бибер и сол. Промешајте добро и комбинирајте со салата марула.

Вечера: Омлет од белки и зеленчук

Од 2 или 3 белки, 1-2 млади кромитчиња или стар кромид,пола тиквичка, неколку листови спанаќ, 1 лажица маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба. Најпрво се пропржува кромитчето на маслиново, се додава тиквичката сечкана и се пропржува неколку минути додека не омекнат. Потоа се додава спанаќот и се истураат врз нив белките. Се зачинува со бибер и сол.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана