Ден 15
15/02/2018

Појадок

„Студени“ житарки

Една шолја незасладени житарки богати со влакна. Една шолја Light млеко или 250 грама Balans+. Една шолја исечкани јагоди или друго ситно сечкано сезонско овошје.

1 голема шолја кафе со 50 мл. Light млеко

 

Ручек

Врап со чадени мисиркини гради

Во интегрална тортиља ставете 100 грама тенко исечкани чадени мисиркини гради. Додадете на ленти исечкана марула и Balans+ кисело млеко.

1 шолја билен чај или вода.

 

Вечера

Туна со интегрални тестенини

Отворете и добро исцедете 100 грама туна. Измешајте една лажичка исечкан свеж ѓумбир, една лажичка оризов оцет, една лажичка масло од сусам и четвртина лажица соја сос. Добиениот прелив ставете го врз туната.

Сварете половина чаша интегрални тестенини и додадете ги претходно сварените листови кинеска зелка. Наросете со 2 лажици исечкани индиски ореви.

1 шолја билен чај.