n Ден 26 - Balansplus.mk
Ден 26
14/04/2019

Појадок: Хумус лепчиња

Две интегрални лепчиња ги премачкуваме со хумус, врз нив ставаме тркалца домат и сечкани маслинки. Со ова јадеме и Balans+ кисело млеко

***Хумусот е намаз во кој главна состојка е наутот. Наутот има низок гликемичен индекс или сложени јаглехидрати и е погоден во исхраната за дијабетичари, има доста растителни протеини, богат е со железо и најважно од се’ е богат извор на диетни влакна кои учествуаат во регулирање на цревната микрофлора. Заедно со Balans+ киселото млеко го прави совршен избор за појадок.

Ручек: Лосос печен во фолија со рузмарин.

Парче лосос се става во фолија со исечкани на лентички тиквичка, модар патлиџан и пиперка. Од зачини ставаме бибер и сол, тркалца лимон и гранче рузмарин. Завиткуваме добро во фолија и ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Ужинка: 1 јаболка поросена со цимет

Вечера: Салата со рукола и јајца

Две сварени јајца ги додаваме сечкани на тркалца во претходно добро измиена и иситнета марула и рукола. Додаваме еден сечкан домат и малку свеж млад кромид. Мешаме добро со маслиново масло, бибер, сол и лимонов сок.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана