
Појадок:
Енергетско смути
Половина банана, 250 гр. Баланс+, 30 гр. (една лажица) протеин од сурутка, 1 лажица мелен лен и 2-3 коцки мраз. Изблендирајте ги состојките за да добиете хомоген течен пијалак.
Половина час по смутито изедете половина портокал.
Ручек:
Туна сендвич
Исцедете 100гр. туна од конзерва без зачини и измешајте со 2 лажици целер и 1 лажица light мајонез. Смесата додадете ја 1 ‘ржан тост леб и 2 парчиња тенко исечкани домати.
1 јаболко
1 шолја зелен чај
Вечера:
Пилешко со пармезан
Пола чаша варени интегрални шпагети со 85 гр. печени пилешки гради. Додадете морска сол по вкус рамномерно на пилешко и тестенините. Додадете 1 лажиче рендан пармезан.
3-4 суви сливи.