Ден 4
04/02/2018

Појадок:

Тортиљи со кајгана

Пропржете пола кафено лажиче бибер и кромид во слична количина. Додадете две изматени јајца и мешајте постојано додека јајцата не се пропржат. Јајцата поделете ги еднакво во две интегрални тортиљи, а врз нив изрендајте по 30 грама козји кашкавал.

Со појадокот испијте и еден Balans+ од 250гр.

1 шолја црно кафе

 

Ручек:

Пилешко на скара

Пропржете го пилешкото со микс од кромид, лук, изрендан свеж ѓумбир, кафеав шеќер и сол на повисока температура.

Во друго тавче подгответе интегрален ориз (и црн грав по избор). Oризот зачинете го со 2 лажички црн бибер, 2 лажички лук во прав, 1 лажичка кромид во прав и 3 лажички црвен пипер.

За крај испржете исечкани тиквички во маслиново масло.

1 шолја билен чај

 

Вечера:

Тортиљи со мисиркино, зелка и моркови

Во еден сад измешајте свежа зелка, моркови, две лажици Баланс+ кисело млеко и едно кафено лажиче јаболков оцет. Потоа, ставете три тенко исечкани парчиња мисиркно месо во интегрална тортиља. Врз парчињата ставете го миксот од салата.

Со вечерата изедете 1 круша и напијте се и 1 шолја билен чај