n Како да ја намалите штетата од долго седење - Balansplus.mk
Како да ја намалите штетата од долго седење
05/12/2016

Човечкото тело е создадено за движење, па затоа седењето со саати може да биде штетно за црниот дроб, телесната тежина, мозокот, па дури и менталното здравје.

Со намера да ја намалат штетата од долгочасовното седење, голем дел од луѓето едноставно се решаваат почесто да вежбаат, што можеби е најефикасниот начин да се „бориме“ против овој проблем.

Но постојат и други начини!

Почесто станувајте. Да објасниме.

Научници од Кралскиот колеџ во Лондон анализирале 38 стратегии смислени за намалување на времето поминато во седење, и дошле до заклучок дека редовното станување од столче е најдобриот начин.

Затоа, секоја можна прилика користете ја да станете од столчето, дури и ако станува збор за само неколку секунди.

Исто така, можете работното столче да го замените со пилатес топка. Поентата на тоа е да седите исправени со што ги зголемувате стабилноста, балансот и абдоминалните мускули се активирани цело време додека седите со цел да го одржат балансот врз топката.