n Како да направите мост - Balansplus.mk
Како да направите мост
13/07/2016

Мостот, попознат како кревање на колковите, е одлична вежба за зацврстување на задникот, задниот дел на нозете и торзото.

Се препорачува и за оние кои имаат повреди на грбот.

1. Легнете на грб со свиткани колена и стапала рамно поставени на подот.

2. Подигнете ги колковите од подот и формирајте права линија со телото, од рамената до колената.

3. Паузирајте во таа положба и полека спуштете се во првобитната позиција.