n Како да се избориме со вирусите оваа сезона? - Balansplus.mk
Како да се избориме со вирусите оваа сезона?
07/11/2022

Влегуваме во зимските месеци и периодот од годината кога вирусните и бактериските инфекции се чести и се зголемува имуно-биолошкиот систем на организмот. За да се избориме против многу присутните вирусни инфекции и грипот, потребно е да го зајакнеме имунитетот и посебно да внимаваме на одржување на здрав дигестивен систем и цревна флора.

Имунолошкиот статус, работата на дигестивниот систем и здравата цревна флора, се клучните во борбата против сезонските вируси и настинки, затоа што во цревата се развиваат и таложат сите штетни бактерии и патогени микроорганизми, кои се причинители на вирусните и бактериски инфекции и оттаму се прошируваат низ целиот организам.

Нивната правилна работа зависи најмногу од употребата на пробиотици и нивното внесување преку исхраната.  Пробиотиците се живи бактерии кои имаат позитивен ефект врз здравјето на човекот, а нивното влијание е пред се врз цревната флора и врз имунитетот на целиот организам.

Делуваат така што ги уништуваат штетните бактерии и патогените микроорганизми, не дозволат навлегување на патогените бактерии и алергени во дигестивниот систем и понатаму нивно проширување низ целиот организам. Исто така, пробиотиците делуваат и директно на подигање на имунобиолошкиот систем.

Од храната пробиотските бактерии најмногу се наоѓаат во ферментираните млечни производи јогурт, кефир, кисело млеко. Всушност овие производи се добиваат токму со пробиотски бактерии односно со нивна ферментација, а едни од најбитните пробиотици кои влијаат на имунолошките процеси во организмот се Лактобацилус и Бифидобактериум.

Овие два пробиотика се наоѓаат и во јогуртот Баланс+, којшто важи за функционален млечен производ со благотворно дејство врз организмот. Покрај снабдувањето со најважните пробиотици, со редовно пиење на Баланс+ во организмот внесувате и протеини, растителни влакна и пребиотикот олигофруктоза, којшто е храна за пробиотиците.

За доброто дејство на Баланс+ јогуртот постои и научна студија со која е докажано неговото позитивно влијание врз организмот и бројните процеси. Според оваа студија, после 10 дена редовно консумирање Баланс+, успешно се регулира дигестивниот тракт.

Коментари