n Како да се изборите со пролетниот замор - Balansplus.mk
Како да се изборите со пролетниот замор
27/04/2022

Будењето на пролетта и убавото време привлекува на повеќе време поминато надвор, прошетки и излегувања, во природа или низ градските паркови, улици. Но, покрај желбата за излегување се соочуваме со постојан замор, малаксаност, истоштеност, поспаност.

Станува збор за пролетен замор, којшто се јавува се почесто и кај повеќе луѓе. Неретко симптомите на пролетниот замор се прошируваат на паѓање на притисокот, главоболки, пад на имунитетот, губиток на апетит или немирен сон, бавни рефлекси, анксиозност, промени на расположението… Сето тоа ни ја одзема енергијата, нè спречува да бидеме креативни и да уживаме во убаво време.

Како причина за пролетниот замор и симптомите што ги предизвикува, се промената на временските услови односно природата и околината на различни начини влијаат врз нашиот организам, и тоа преку кожата, дишењето, исхраната, сетилата и вегетативниот нервен систем. Пролетниот замор претставува комбинација од сите овие фактори.

Организмот се прилагодува на новите временски прилики, посебно кога надворешната температура расте. Притоа крвните садови се шират што доведува до пад на притисокот.

Сепак, пролетниот замор не се должи само на времето, туку и на недостатокот на витамини. Имено, во зимските месеци во секојдневната исхрана присуството на витамини и здрави хранливи состојки е многу помало.

Затоа, за да ги искористиме најдобро првите топли денови после долгата, ладна зима, првиот и најдобар начин да се справиме со пролетниот замор е преку исхраната. Потребно е да се погрижиме за внесување нутриенти што ќе го снабдат нашиот организам со доволно енергија.

Во овој период препорачливо е да се внесува лесна храна и да се пијат здрави, хранливи напивки. Покрај храна богата со витамини, се препорачува внесување и на лесно сварливи а хранливи состојки, чија обработка од дигестивниот систем нема да одзема многу енергија.

Таков е функционалниот јогурт Баланс+ којшто како ферментиран млечен производ содржи пробиотици кои позитивно влијаат на намалување на телесните масти, а значителен дел од протеините и влакната создаваат чувство на ситост.

Со внесување на пребиотиците од Баланс+, се поттикнуваат добрите бактерии во организмот, со што се намалува анксиозноста и стресот, а истите се одлична основа за зголемена апсорпција на витамини и минерали.

Позитивните ефекти на Баланс+ се потврдени и во клиничка студија која укажува дека со консумирање по 500 грама дневно во текот на 10 дена, се постигнува целосниот ефект од неговите својства.

Коментари