Кафе што ќе ни дава енергија за цел ден
29/06/2016

На полиците на супермаркетите наскоро може да се појави кафе што постепено ослободува кофеин и на тој начин ви дава енергија што трае цел ден.

Извори блиски на Нестле велат дека компанијата развила посебна техника која ќе овозможи енергетскиот ефект на кофеинот да не биде снажен и моментален, како што се навикнати љубителите на кафе, туку постепено да се ослободува и да трае цел ден.

Кофеинот е супстанција со силно стимулативно дејство врз централниот нервен состав, па преголемата количина може да резултира со забрзано чукање на срцето и нервоза.

Но, по само една испиена шолја од „новото“ кафе, би можеле да почувствуваме постепено ослободување на енергијата во организмот која би траела во текот на целиот ден, без несакани ефекти.

Станува збор за микроскопски капсули составени од молекули на липид и вода кои содржат и некои клучни состојки како коефинот и други хранливи материи. Со текот на времето овие капсули се распрснуваат, испуштајќи ја содржината контролирано и етапно.