n Како да се справите со жешкото време - Balansplus.mk
Како да се справите со жешкото време
19/07/2017

1. Носете памучна облека

Во летните денови најдобро е да ја избегнувате облеката од синтетика, свила и полиестер. Кожата најдобро „дише“ во памучна облека. Истото важи и за постелнините и за прекривачите во вашата спална соба.

2. Спијте во лесни шорцеви и маичка

Изберете лабава, мека памучна кошула и шорцеви или долна облека, затоа што памукот ја впива потта од телото.

3. Изладете го телото

Сакате да се изладите најефикасно? Ставете мраз на вашите пулсирачки точки на телото, вратот, лактите, препоните, глуждовите и зад колена.

 4.Спијте сами

Спиењето со партнерот ја зголемува температурата во собата и прави некомфорна зона за спиење.

5. Пијте чаша вода пред спиење

Една чаша вода пред спиење е доволно за да го олесни спиењето. Превртувањето и потењето во текот на ноќта може да резултираат со дехидрација, така да претходно добро е да обезбедите екстра вода во организмот.

6. Туширајте се

Ладниот туш е секогаш добредојден во жештините. Чувството на чистота ви го олеснува животот во летните денови.

7. Избегнувајте пржени јадења

Пуштањето рерна, пржењето во тава, загревањето вода се само дел од работите кои дополнително ја вжештуваат атмосферата во домот. Пробајте да јадете повеќе овошје и зеленчук, лесни ручеци за кои нема потреба од дополнително вклучување на печка или шпорет.

8. Изладете ги стапалата

Прстите на нозете се прилично чувствителни на температура, бидејќи имаат многу пулсирачки точки. Оладете го целото тело со тоа што ќе ги изладите стапалата во ладна вода. Уште подобро, чувајте сад со вода во близина на креветот и разладете ги нозете секогаш кога ви е жешко во текот на ноќта.