n Како да си го подобрите ручекот на работа - Balansplus.mk
Како да си го подобрите ручекот на работа
09/02/2017

Не јадете од пластични садови – земете си квалитетни садови, чинии и чаши, научно е докажано дека храната има поубав вкус кога ја јадеме со убав прибор и од убави садови.

Земете си зачини и додатоци за храната – сенф, морска сол, оцет, маслиново масло, црн бибер, бадеми, лут сос…или се она што мислите дека ќе ви се најде како супер додаток на омилената салата/сендвич.

Послушајте ги Французите – донесете си тенко исечена салама, сирење и багет. Оброкот се спрема многу лесно а е превкусен.

Варено јајце – брзи протеини и супер здрав оброк, а може да си сварите колку сакате уште претходната вечер.

Направете пауза – не секое јадење мора да биде на биро/во кујната на канцеларијата. Излезете до најблиското бистро и уживајте во храната додека истовремено одмарате од работа.

Коментари