n Како летните одмори го подобруваат нашиот имунитет - Balansplus.mk
Како летните одмори го подобруваат нашиот имунитет
14/08/2017

Летните одмори се одличен начин да избегате од секојдневните обврски и да одвоите време за вас и вашите најблиски.

Иако за голем број луѓе враќањето во реалноста по летните одмори и адаптирањето на средината е „голем“ залак, научниците тврдат дека поволностите и бенефитите од одморот се физички и психолошки и дека нивното дејство може да трае и до еден месец од враќањето дома. Според научниците, само шест дена поминати на одмор предизвикуваат генетски промени кои го намалуваат стресот, го подобруваат имунитетот и ги намалуваат нивоата на протеини кои се поврзуваат со депресијата.

Резултатите од така наречениот „Ефект на одморот“ кај сите тест групи се покажале како успешни во битката со депресијата, особено кај лицата кои нивните одмори ги „зачиниле“ со медитација, а резултатите покажале значителни молекуларни промени по само шест дена во активноста на гените поврзани со стресот и имунолошката функција.

Коментари