n Каков е совршениот појадок? - Balansplus.mk
Каков е совршениот појадок?
28/06/2016

Сите ја знаете добропознатата изрека „појадокот е најважниот оброк во денот“. Меѓутоа, експертите дебатираат за вистинитоста на овој исказ и дали е во ред да се дефинира еден оброк како многу поважен од останатите.

Исхраната е многу индивидуална, и тоа што е добро за некој, може да биде штетно за друг. Луѓето мора да откријат каква исхрана им одговара ним лично, и во смисла на начинот на живот но и од финансиски аспект.

Клои Мајлс, нутриционист и портпарол на британската Диететска асоцијација нагласила дека појадокот е најважен оброк кој ни ја дава неопходната енергија за функционирање во текот на денот.

„Важно е да не се прескокнуваат оброците, но само појадокот обезбедува 20-20% од дневните нутритивни вредности. Многу испитувања покажале дека луѓето кои појадуваат имаат урамнотежена исхрана и помала шанса за дебелина за разлика од оние кои не појадуваат“, објаснила таа.

Идеалниот оброк би требало да вклучува житарици или леб од скроб. Како многу добар избор на влакна, таквата храна спречува развој на болести на срцето, дијабетес, некои видови рак, а може да го подобри варењето и да го намали ризикот од дебелина.

Појадокот е и совршена прилика да се јаде овошје и зеленчук, а истото важи и за млекото и млечните производи.

Ако наутро немате многу време за подготвување на појадок, намачкајте крем сирење на ѓеврек, или јадете житарици со млеко и банана.