n Клекнувања со топка - Balansplus.mk
Клекнувања со топка
16/05/2016

Ако сте почетници, големата топка ќе ви помогне со рамнотежата додека да ја совладате вежбата.

Држете ја топката меѓу долниот дел од грбот и ѕид и полека изведувајте ја класичната верзија на клекнувањата.

Повторете во три сесии од 15 пати, три пати во неделата заедно со кардио вежби, или вежби кои се фокусираат на друг дел од телото.

Коментари