n Кој ќе биде најпопуларниот тренд во исхраната во 2017-та? - Balansplus.mk
Кој ќе биде најпопуларниот тренд во исхраната во 2017-та?
19/12/2016

Сите знаеме дека јадењето помалку месо е добро и за планетата и за здравјето, а изгледа дека повеќето од луѓето веќе свесно прават напори да намалат со внесувањето на месо.

Според „Whole Foods“, еден од најголемите трендови за претстојната година ќе биде „флекситаријанзам“ – воглавно јадење вегетаријанска храна, со мали исклучоци за месо.

Овој тренд се смета за полесна варијанта од целосното вегетаријанство или веганството – месото е дозволено за викенди, кога јадете во ресторан или по 6 часот попладне, како вам најмногу ви одговара.

Секако, овој начин на исхрана не е нов, но станува многу популарен кај личности како Џејми Оливер.

Истражувања покажале дека намалувањето на консумацијата на месо има бројни здравствени бенефити како намален ризик од дијабетес, рак и срцеви заболувања, а флекситаријанизмот ќе им овозможи на луѓето начин да си го подобрат здравјето без засекогаш да се откажат од месото.

Коментари