n Колку течност навистина ни треба? - Balansplus.mk
Колку течност навистина ни треба?
29/06/2016

И претераниот внес на вода може да биде штетен како недоволниот, па идеалниот внес зависи од температурните разлики и степенот на оптеретеност, а под внес на течности не се подразбира само вода.

Недоволниот внес на вода е лоша навика, но прашањето е која е соодветната дневна доза.

Обично се советуваат осум чаши, иако нема научни докази за тоа, но кон тоа правило се придржуваат сите кои водат сметка за здравјето.

Но, за некои тоа може да биде навистина штетно, велат истражувачи од Харвард.

Тие заклучиле дека идеален внес е од половина до еден литар течност на ден, што може да варира во зависност од температурните разлики и степеност на физичка и ментална оптеретеност. Притоа, клучниот збор за нив е течност, што не подразбира само вода.

Се мисли генерално на храна која во себе содржи повеќе вода – тоа може да биде салата, овошје, зеленчук, супа. Сите тие намирници се подеднакво здрави.