Лесни енергетски коцки
24/11/2016

За овој супер брз и вкусен рецепт ви се потребни само три состојки.

Пипрема:

Потребен ви е блендер, проѕирна фолија и остар нож.

Испечете ги јаткастите плодови ако сакате, но овој чекор може да се прескокне. Ако сепак се решите да ги печете - ставете ги во рерна на 175 степени околу 10 минути, додека не добијат златна боја. Изладете ги пред да продолжите.

Искомбинирајте ги јаткастите плодови, сушеното овошје и урмите во блендер и блендирајте се додека смесата не се оформи во топка (1 -2 минути).

Поставете парче проѕирна фолија на работната површина и ставете го „тестото“ на фолијата. Притискајте го во форма на дебел квадрат, завиткајте го и ставете го во фрижидер најмалку еден час, а најдобро цела ноќ.

Поделете ја смесата во коцки со помош на остар нож. Коцките може да ги чувате во фрижидер до неколку недели и се одличен начин да добиете енергија потребна за функционирање во текот на денот.

Пријатен апетит!

Коментари