n Ментални трикови за полесно вежбање - Balansplus.mk
Ментални трикови за полесно вежбање
17/01/2017

Понекогаш не ни се вежба бидејќи физичката актвност може да биде прилично тешка и напорна. Во такви услови најчесто ги прескокнуваме тренинзите, а со тоа и ја губиме желбата за вежбање.

Но едно канадско истражување докажало дека со помош на ментални трикови како позитивни мисли, можеме да ја потиснеме неудобноста и да ја подигнеме толеранцијата на болка.

Во истражувањето учествувале професионални велосипедисти кои требале интензивно да вежбаат во многу топло опкружување. Топлината предизвикува потење и неудобност и може да ја смали ефикасноста на вежбите.

Телото во такви услови пумпа помалку крв до мозокот и мускулите, па брзо доаѓа до заситување и телесен умор. Половина од испитаниците тренирале без дополнителни упатства, додека другата половина користела мотивациски вештини за време на тренингот.

Мотивацискиот дел ги научил да ги канализираат негативните чувства (како негативните мисли „топло ми е“, „се потам како луд“) и истите да ги заменат со позитивни афирмации и фрази како „супер ми оди“ или „способен сум“.

„Позитивната“ група возела велосипед 25% побрзо и поефикасно, и подолго можела да ја поднесе неудобноста и болката. Температурата на телото им била повисока од другата група, што докажува дека мозокот има многу повеќе моќ во одредувањето на тоа колку телото може да поднесе.