n Најдобрите растителни извори на протеини - Balansplus.mk
Најдобрите растителни извори на протеини
24/02/2017

Протеините се неопходни за вршење на многу функции во организмот, но и за градење на мускулите.

Иако производите од животинско потекло се најбогати со протеини, може да се најдат и во намирници од растително потекло, поточно следниве:

Киноа – супер извор на витамини и минерали како магнезиум, калиум и фосфор. Меѓутоа, оваа псевдожитарка е и добар извор на протеини. За разлика од другите слични извори на белковини, киноата ги содржи и сите девет есенцијални амино-киселини. Во 100 грама киноа има околу 4 грама протеини.

Чиа семе – добар извор на влакна, шеќер, магнезиум, калциум и цинк, белковини и омега 3 масни киселини. Во две лажички чиа семе има скоро 10 грама белковини, а можат да се додадат во кое било јадење.

Леќа – важна основа на вегетаријанската исхрана. Се јаде илјадници години, а на телото му дава бројни витамини и минерали. Во 100 грама леќа има 9 грама протеини.

Леблебија – освен протеини има и многу влакна, а доколку секој ден во исхраната вклучите 100 грама леблебија, можете да го смалите нивото на лош холестерол во крвта.

Путер од кикирики – на 100 грама путер од кикирики добивате 32 грама протеини, а може да го додадете во секоја ужинка на база на овошје и зеленчук. Само не претерувајте со количините и секогаш бирајте го оној бренд што содржи најмалку шеќери.

Коментари