n Направете сами! Маска за лице со јогурт - Balansplus.mk
Маска за лице со јогурт
Направете сами! Маска за лице со јогурт
21/10/2016

Јогуртот е мултивитаминска супер-напивка која се користи од многу одамна во различни маски кои може да ги направите сами, првенствено затоа што е богат со витамини и минерали кои што ја омекнуваат и освежуваат вашата кожа.

Јогуртот е одлична состојка која ќе ви помогне во борбата со акните на природен начин, заради неговите анти-бактериски и анти-микробни својства, како и алфа хидроксилните киселини кои ги „убиваат“ бактериите – предизвикувачи на акни.Еве едноставна листа на некои од корисните состојки во јогуртот и тоа како се корисни за вашата кожа:

  1. Витамин В2 – Помага во во клеточниот раст и регенерација. Хидрира и ја омекнува кожата и ја штити од штетата предизвикана од слободните радикали.
  2. Витамин В12 – Ја измазнува грубата, нерамна кожа. Има осветлувачко својство. Корисен за изедначување на кожата од оштетувања како што се пигментации и лузни од акни.
  3. Калциум – Го затегнува најгорниот слој на кожата. Помага во намалување на сувоста на кожата.
  4. Цинк – Го забавува стареењето така што се бори со слободните радикали кои создаваат брчки така што го одземаат кислородот од здравите клетки на кожата.

Подмладете ја кожата така што ќе ја нахраните и ексфолирате со јогурт, мед и овес за да го добие прекрасниот, младешки сјај.

Потребни состојки:
– Една кафена лажица јогурт
– Една кафена лажица мед
– Една кафена лажица овесни снегулки.

Измешајте ги трите состојки во мал сад погоден за мешање. Со чисти раце нанесете ја маската на лицето и оставете да дејствува 15 минути.

Потоа со млака вода темелно исчистете ја. Освежете го лицето со ладна вода за ги затворите порите и избришете со чиста памучна крпа.

Коментари