n Неколку совети за вежбање во лето - Balansplus.mk
Неколку совети за вежбање во лето
22/05/2017
  • Избегнувајте да вежбате од 10 до 15 часот – Тоа е најжешкиот период од денот. Најдобро е кога се вежба наутро.
  • Носете лесна и светла облека – светлите бои не ја апсорбираат топлината, а памукот ја апсорбира потта.
  • Користете крема за заштита од сонце – Најдобро е да користите крема со поголем заштитен фактор со што ќе ја заштитите кожата од сонцето и изгореници.
  • Останете хидрирани – Пред да излезете надвор испијте една до две чаши вода. Каде и да одите носете шишенце со вода со вас и пијте на секои 15 минути дури и кога не се чувствувате жедни.
  • Трчајте или вежбајте под сенка или во шумските патеки.

Слушајте го вашето тело! – Ако се чувствувате преморени, не се форсирајте, направете пауза па продолжете.

Коментари