
Освежително смути од малини
16/08/2017
Освежувачките пијалаци, особено смутијата сe вкусен начин за консумирање витамини во летниот период и одлична опција за сите кои сакаат во текот на летото да го зајакнат својот имунитет.
Состојки:
– 1 банана, исечкана
– пола чаша Баланс+
– пола чаша малини
– 1 лажица мед
Сите состојки ставете ги во блендер и за само неколку секунди вашата нова витаминска „бомба“ е готова. За комплетно уживање сервирајте заедно со издробен мраз во висока чаша и „зачинете“ со неколку ливчиња нане 🙂