n Баланс во исхраната за подобро здравје во ладните зимски денови - Balansplus.mk
Баланс во исхраната за подобро здравје во ладните зимски денови
18/12/2023

Ни пристигнаа поладни денови, а со самото тоа се зачестија настинките и вирусите. На нашето тело му се потребни хранливи и енергетски храна и пијалоци за да ја добие потребната енергија за да останеме витални, активни и во добра психофизичка состојба. Но, дали знаеме дека она што го јадеме може да има значително влијание врз добросостојбата на целиот организам?

Ако се чувствувате постојано уморни, зад тоа може да стојат многу причини, а една од нив е храната. Големите физички и ментални предизвици на времето во кое живееме силно влијаат на нашиот имунитет. Затоа, постојано бараме начини како да ги зајакнеме природните одбранбени механизми на телото, без несакани нуспојави. Истражувањата поврзани со потрагата по природна поддршка на имунитетот против вирусни инфекции сѐ повеќе се фокусирани на еден од најмоќните природни имуномодулатори – пробиотиците.

Јогуртот со пробиотици Баланс+ е токму еден од ретките ако не и единствен производ за чие позитивно влијание врз здравјето и процесите во организмот е направена клиничка студија. Оваа студија покажа дека Баланс+ поседува својства што обезбедуваат цела низа здравствени придобивки.

Овие својства на Баланс+ произлегуваат од неговиот состав, комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури – Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB, заедно со пребиотикот олигофруктоза, којшто го засилува дејството на пробиотиците, заедно обединети во комплексот Bifido Digestio.

Покрај подобрувањето на работата на дигестивниот тракт, како и проблемите во дигестивниот тракт, редовното консумирање на Баланс+ придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето на храната и расположението. Позитивно се одразува и на психичката состојба, како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето на храната и чувството на подуеност.