n Пролетни намирници кои го забрзуваат метаболизмот - Balansplus.mk
Пролетни намирници кои го забрзуваат метаболизмот
29/06/2016

1. Ротквици – со голем процент на вода, мала калориска вредност (само 16 калории во 100 грама!) ротквиците можат да го зголемат волуменот и да и дадат „крцкав“ елемент на секоја салата.

2. Јагоди – јагодите се едни од бобинките кои можете да ги комбинирате на различни начини со што можете да направите десерт од кој нема да имате грижа на совест. Тие се преполни со нутритиенти и покрај нивната мала форма. Со само 32 калории во 100 грама јагоди доаѓа голема доза на витамин Ц и антиоксиданси кои помагаат во топењето на мастите.

3. Праски – овие златни овошки се богати со железо кое е неопходно за добра работа на метаболизмот. Можете да ги исецкате ситно и да ги помешате со Fit крем јогурт за вкусен проетински и освежителен оброк. Јадење на 7-8 суви праски на ден ви дава дури 20% од потребната дневна доза на железо.

4. Рукола – руколата има својство на природен диуретик. Ја намалува подуеноста и задржувањето на водата во телото, го намалува апетитот и ја подобрува дигестивната работа. Богата е со витамин А и К. Поради горчливиот вкус, за полеток ви препорачуваме да додавате по неколку листови во салатата која обично ја правите за да се навикнете на нејзиниот вкус.

5. Кељ – кељот е неверојтано нутритивно растение! Содржи големо количество на калциум а диететските влакна кои ги содржи го забрзуваат метаболизмот бидејќи го тераат организмот да се потруди малку повеќе за да го свари. А калциумот пак, му помага на телото да ги стопи наталожените масти полесно.

6. Брокулини – слични како брокулите, само со помал цвет се граничи со кељот во одделот на забрзување на метаболизмот. Затоа јадете ги овие зелени намирници што почесто оваа пролет!

Коментари