n Протеините најдолго нè држат сити - Balansplus.mk
Протеините најдолго нè држат сити
28/06/2016

Нови истражувања покажале дека протеините најдолго нè држат сити.

Авторите на истражувањето навеле дека во текот на студијата сакале да се концентрираат на некое конкретно прашање: какво дејство имаат протеините врз ситоста?

По подробната анализа на податоци од неколку илјади различни податоци, научниците се задржале на пет главни истражувања.

Во секое истражувања експертите дошле до податоците по ист пат – група испитаници одредено време биле гладни, а потоа им биле давани намирници богати со протеини и бележеле како се чувствуваат по одреден временски период.

Резултатите покажале дека зголемениот внес на протеини го продолжува чувството на ситост во однос на другите намирници.

Понатаму ќе се истражува дали растителните и животинските протеини го имаат истиот ефект врз ситоста, како и тоа дали протеините во шејковите имаат исто дејство како оние што ги внесуваме преку џвакање.

Истражувањето е објавено во магазинот Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics.

Коментари