n Сите здравствени придобивки од консумирањето кефир - Balansplus.mk
Сите здравствени придобивки од консумирањето кефир
31/08/2022

Кефирот претставува млечен пијалак кој наликува на јогурт и истиот се произведува по пат на ферментација на млекото со додавање кефирни зрна, кои се исклучително здрави за човековиот организам. Овој густ млечен пијалак е важен за здравјето на децата, возрасните и за сите оние кои сакаат да одржуваат нормална телесна тежина.

Консумирањето кефир носи огромни придобивки за доброто здравје. Има позитивно влијание преку зајакнување на имунитетот кај секоја индивидуа. Го чисти организмот од токсини и го регулира крвниот притисок. Со редовно консумирање кефир се ублажуваат воспаленијата во организмот така што делува и против габички и бактерии, а исто така помага и при стрес и несоници. Посебно е корисен за оние со намалена циркулација, па затоа е препорачлив и за возрасната популација, го регулира крвниот притисок и го намалува лошиот холестерол.

Придобивките од кефирот иако се познати одамна, се прошируваат со постојаните истражувања и потврди за користа и влијанието врз здравјето. Кефирот се препорачува за сите возрасти, за подобрување на општата здравствена состојба преку внесување во дневното мени и со редовна консумација.

Затоа и е се повеќе баран, а Бимилк со својот Баланс+ кефир, од неодамна присутен на пазарот, ја зголеми достапноста до овој благотворен напиток. Баланс+ кефирот е направен со кефирни култури, клучни за неговото дејство и уште 5 млечни култури, кои исто така се носители на корисни состојки. Има благ и кремаст вкус,  и квалитет како дома подготвен. Баланс+ кефирот е достапен во две пакувања, од 950 грама и 500 грама.