n Склекови - Balansplus.mk
Склекови
29/06/2016

Склековите се одлична вежба за тонирање на рацете, градите, трицепсите и предниот дел на рамења, а воедно се доволно едноставни за да може да ги правите насекаде.

Започнете клекнати на под со рацете на земја во линија со рамењата.

Телото треба да формира права линија од рамењата до глуждовите.

Стиснете ги стомачните мускули најсилно што можете и држете ги така.

Спуштајте го телото се додека скоро не допрете до подот со градите, осигурувајќи се дека лактите ви се блиску до торзото.

Направете кратка пауза и дојдете до стартната позиција.

Коментари