n Баланс+ со поддршка на Сојузот на дијабетичари: Одбележан е Светскиот ден за борба против дијабетес - Balansplus.mk
Баланс+ со поддршка на Сојузот на дијабетичари: Одбележан е Светскиот ден за борба против дијабетес
20/11/2023

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија го одбележа Светскиот ден за борба против дијабетесот со одржување низа активности преку кои ќе влијае за надминување на предизвиците за луѓето со дијабетес во Македонија. Со централната активност, форумот каде учествуваа сите клучни фактори од јавните здравствени институции, беше испратена пораката дека треба да се дејствува превентивно пред ситуацијата со дијабетесот во Македонија стане непоправлива. Сојузот потенцира дека клучно во превентивното делување е партнерството и соработката со здравствените власти, образовните установи и приватниот сектор.

„Наша заложба како здружение е да поттикнеме широка акција за подигнување на свесноста за дијабетесот и за потребите на лицата со дијабетес во Македонија. Снабденоста со потребната терапија и средства за менаџирање на дијабетесот, се суштинските прашања но тука не застанува потребата. Нашата состојба е директно поврзана со физичка активност, стрес од секојдневие, но и со исхраната и достапноста на соодветни производи за исхрана, како и знаењето на лицата со дијабетес за правилната исхрана. Затоа целиме кон соработки што ќе ни го овозможат тоа што е потребно и неопходно во секојдневните предизвици со внесување на храна и ќе ја едуцираат нашата јавност, а една таква соработка е овогодинешната со Битолска млекара преку која го едуцираме членството за потребните промени во исхраната, за достапноста на млечни производи како Баланс+ кои се препорачливи за консумирање, кои се бенефитите од истите и значењето на достапноста низ целата држава“, истакнува Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Дел од оваа соработка се повеќе работилници, средби, советувалишта и настани каде се информираат и едуцираат членовите на здруженијата за придобивките од промена на исхраната и што е соодветно да се консумира.

„Ја инициравме оваа соработка затоа што како компанија од млечната индустрија ги знаеме предизвиците на луѓето со дијабетес и колку е потребно за нив да ја имаат потребната информација што е добро и корисно. Исто така, имаме производ како Баланс+ чии придобивки се докажани со клиничка студија и кој помага и дијабетичарите да имаат квалитетна исхрана, а достапноста на соодветни производи е клучно прашање за голем број лица со дијабетес. Едукацијата на членството за достапноста на вакви производи е значаен чекор затоа што станува збор за голем број граѓани од сите возрасти и нивната потреба од соодветни висококвалитетни производи“, истакна Полексена Јанкуловска, pегионален маркетинг менаџер на Бимилк.

Дијабетот како хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостаток или нарушена секреција на инсулин од панкреасот, е многу поврзан со начинот на исхрана. Покаченото ниво на шеќерот во крв доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија има регистрирано околу 116 000 лица со дијабетес а во 2022 година, бројот на новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7 737 случаи. Во Сојузот се вклучени сите здруженија од Македонија и нивната работа се однесува на потребите на лицата со дијабетес.

Коментари