n Спиењето ширум светот - Balansplus.mk
Спиењето ширум светот
28/06/2016

Јапонија – дремка за искачување на корпоративната скала

Inemuri е културна традиција на дремење во Јапонија, што значи „да спиеш додека си присутен“. Ова е далеку од табу – всушност покажува колку е уморен човекот од напорната работа.

Австралија – спиење во група

Антрополозите велат дека заедничкото спиење е честа појава во абориџинската заедница. Тие спијат заедно на ред кревети или душеци, а распоредот е таков што ги заштитува ранливите (децата и постарите спијат на средина, а посилните возрасни спијат на краевите).

Боцвана и Заир – спиење без распоред

Во многу модерни племиња кои функционираат на принцип ловци и собирачи, спијат кога сакаат – во текот на денот, навечер, во длабока ноќ, за разлика од западњачките општества кои имаат регулиран распоред.

Индонезија – спиење од страв

Луѓето од индонезискиот остров Бали можат инстантно да потонат во сон кога се во стресна ситуација или околина, што е доказ дека спиењето не е само биолошки феномен, туку е длабоко вкоренето во нашата култура, начин на живот и навики.