n Својствата на „магичниот“ целер - Balansplus.mk
Својствата на „магичниот“ целер
29/06/2016

Ако сте нерасположени и се чувствувате напнато, природата има одличен начин да ве опушти.

Дури самиот Хипократ им препорачувал на своите пациенти да го користат целерот како начин на смирување.

Тајната на целерот се крие во високото количество на магнезиум, калиум и калциум, кои здружено ја ублажуваат напнатоста.

Освен оваа моќна тројка, целерот е нискокалорично растение кое содржи голем процент на течности, па многумина го сметаат за идеален сојузник во борбата против килограмите.

Едно стебло целер содржи дури 83% вода и здрава количина на влакна, и со тоа го намалува чувството на глад.

Комбинацијата на калиум и натриум помага при регулација на телесните течности и го стимулира создавањето на урина, а со тоа и ги исфрла токсините од организмот.