n Таратур со твист - Balansplus.mk
Таратур со твист
03/08/2016

Исечете ги краставиците по должина и потоа преполовете ги четвртинките, се додека не добиете мали парченца. Ставете ги во сад, наросете со сол, промешајте и оставете ги да отстојат барем 20 минути.

Искомбинирајте го јогуртот, киселото млеко, лимоновиот сок, лукот и магдоносот во сад со средна големина и додадете го маслото.

Исцедете ги краставиците, вратете ги во садот, прелијте ги со мешавината од јогурт и добро промешајте.

*Совет: ако сакате таратурот да го претворите во сос за макање, изрендајте ги краставиците наместо да ги сечкате.

Состојки:
  • 4 големи излупени краставици
  • 1/2 кафена лажичка сол
  • 1 пакување Баланс+ кисело млеко
  • 2 чаши јогурт
  • 2 кафени лажички лимонов сок
  • 2-4 чешниња истолчен лук
  • 2 кафени лажички магдонос
  • 1 супена лажица маслиново масло