n Веганите од помодарство си го загрозуваат здравјето - Balansplus.mk
Веганите од помодарство си го загрозуваат здравјето
01/06/2016

Веганите не јадат никаква храна од животинско потекло, што значи дека во нивната исхрана не се застапени месо, риба, млеко, сирење, јајца, мед и многу други намирници.

Меѓутоа, нутриционистите стравуваат дека таквиот начин на исхрана може да биде опасен по здравјето, доколку не е медицински оправдан.

„Сведоци сме на некој нов вид прехранбен пуританизам. Постои некоја идеја за чиста, необработена, идеална исхрана. Луѓето гледаат слики од Гвинет Полтроу и беспрекорна веганска чинија и сакаат да живеат исто. Тоа е како следење мода, со тоа што овие трендови можат долгорочно да го загрозат здравјето“, смета Кетрин Колинс од Британското здружение на нутриционисти.

„Кога луѓето се решаваат на веганство од религиозни или етички причини, знаат како треба да се хранат. Знаат да го надокнадат недостатокот на месо и млеко во исхраната, но тоа обично не е случај со оние кои стануваат вегани од помодарство“.