4 неверојатни „супер намирници“ за обнова на мускулите
29/06/2016

Супер-храната е и многу разновидна. Може да ја мешате со смути, да ја искористите во некој рецепт, или да ја јадете сама. Која опција и да ја изберете, загарантирано ќе добиете вкусен оброк и огромен плус за вашите мускули. Следат четири вида супер-храна кои помагаат за заздравување на мускулите. Пробајте ги, ќе ги обожавате!

1. Спирулината ги содржи сите осум аминокиселини и ја консумираат сите атлетичари. Ги содржи и витамините А, Б1, Б2, Б6, К и Е, а секој од нив има улога при обновувањето на мускулното ткиво. Спирулината ја содржи и истата количина на железо како и црвеното месо. Најдобро е да ја внесувате веднаш по тренингот за поголем ефект.

2. Црно чоколадо. Не само што е многу вкусно, туку и помага и при намалување на стресот од физичките активности. Содржи високо ниво на магнезиум, хром, Б витамини и антиоксиданси. Какаото исто така содржи високо ниво магнезиум и помага во одржувањето на функцијата на мускулите и нервите.

3. Биберот е еден од најдобрите зачини. Ја прочистува крвта, со цел да се пренесе кислородот низ срцето и белите дробови, до мускулите. Помага и во забрзување на метаболизмот и во губење на вишокот килограми. Тој дури и поттикнува губење на течности преку потење, со што телото се лади и ги отстранува токсините.

4. Гоџи бобинките се познати по тоа што го содржат и го произведуваат човечкиот хормон за раст. Затоа се особено корисни во боди билдингот и други екстремните спортови. Бобинките содржат и високо ниво на антиоксиданси и протеини. Содржат и 19 различни амино киселини, вклучувајќи ги и осумте есенцијални, кои се клучни за обновување на мускулното ткиво и намалување на отоците.