5 начини како летните тренинзи да ги направите идеални
17/06/2017

Летото е совршено време за разни забавни активности и на многумина најомиленото годишно време заради бројните достапни активности. Сите сакааме да поминуваме што повеќе време надвор, без разлика кој спорт или активност ја преферирате

Но, високите температури, може да ви предизвикаат проблеми особено во области со екстремни температури и влажни периоди ако не сте доволно внимателни.  Најголемите предизвици во летните горештини е одржувањето на баланс помеѓу внесувањето и губењето на вода, електролити и сол во телото, затоа вежбањето на лето треба да биде изведено и помогнато со следните совети:

  1. Внимавајте на времето
  • Идеалното време за вежбање е наутро. Избегнувајте ги термините за вежбање од 10 наутро до 5 часот попладне.
  1. Носете широка, светло обоена облека
  • Посветлата боја ќе ви помогне да ја рефлектирате топлината додека памучната облека ќе го поттикне испарувањето на потта
  1. Кремата за сонце е задолжителна
  • Заштитете ја вашата кожа од изгореници и нанесете крема за заштита од сонце затоа што дури и на облачни денови или со сонце со помал интезитет можете да добиете изгореници на кожата.
  1. Останете хидрирани
  • Внесувањето на доволна количина течности пред, за време и по вежбањето е неопходно.
  1. Послушајте го вашето тело
  • Доколку за време на вежбањето или спортската активност почувствувате вртоглавица, гадење или несвестица престанете веднаш!