5 работи што и не се толку здрави за нас
05/12/2016

Луфа за туширање

Иако туширањето е попријатно со луфа, никогаш не би погодиле што се се наоѓа во неа. Тие се совршено место за разможување на бактерии и мувла. Тоа не значи дека не треба да користите луфи, но гледајте да се од природни материјали и по секое туширање добро исплакнете ги, исцедете ги и оставете ги на ладно, суво место.

Стапчиња за уши

Иако делува одбивно, восокот во ушите постои со причина – да ја заштити нежната внатрешност на увото од прашина и нечистотии. Тој восок е здрав, и ако пречесто го чистите, ќе почне да се создава прекумерно, создавајќи непријатни воспаленија.

Блендер

Сите го миеме блендерот по употреба, но повеќето забораваме на гумичката околу капакот, каде што се собираат бактерии кои предизвикуваат салмонела, ешерихија коли и мувла.

Плишени играчки

Привлекуваат молци, кои пак предизвикуваат внатрешни алергии проследени со кивање, затнат нос и црвени очи.

Паста за избелување заби

Иако се ефикасни, не треба да ги користите често, бидејќи можат да ја зголемат чувствителноста на забите и да ја „истрошат“ забната глеѓ.

Коментари