Балансот почнува од дома е новата кампања на Бимилк чија цел е да допре до своите потрошувачи и да го истакне тоа што е важно во секојдневниот живот, посебно после оваа предизвикувачка година.
Со новата кампања Баланс+ потсетува на основните, темелни навики што ни се потребни за здрав и среќен живот, а тоа е воспоставување баланс во секојдневието. Зошто е важен балансот? Затоа што започнува од дома, затоа што дома ги стекнуваме вистинските вредности и здравите животни навики и затоа што е потребен за секој ден, во секојдневната исхрана.
Бимилк во последните два месеци направи целосна оптимизација на процесот на производство и дистрибуција со цел крајниот потрошувач да добие пробиотски јогурт со најсвеж рок произведен од млеко од домашни фарми.
Баланс+ како домашен бренд развиен и одлично прифатен дома, исто е и регионален водечки бренд и во соседните земји. Ја ужива довербата на милиони потрошувачи токму поради докажаниот квалитет и достапност до крајниот потрошувач. Првпат на пазарот на Македонија се појавува во 2009 година и веќе 13 години е наш омилен бренд кога се работи за пробиотски производи.
Баланс+ всушност е и единствениот производ на пазарот за кој што постои клиничка студија со која е докажано неговото позитивното влијание врз метаболичките процеси во организмот. Според оваа студија, првите знаци на воспоставување баланс во организмот и подобрување на процесите во дигестивниот систем се јавуваат по само десет дена континуирано консумирање Баланс+.
Омилениот македонски јогурт го заслужи епитетот „секој ден потребен“ токму заради присуството на добрите бактерии пробиотици и пребитиокот, со што добива значајни здравствени придобивки.
Баланс+ има широко портфолио прилагодено според потребите на своите потрошувачи па покрај Баланс+ од 1 и од 1,5 килограм, во Бимилк се произведуваат и се достапни во продажба Баланс+ од 500, 250 и 180 грама.