Балансирана исхрана
Балансираната исхрана и физичката активност се клучот за успех: Интервју со Драгана Младеновска
28/03/2019

Драгана Младеновска е магистер по фармација и моментално е запишана на дополнителни магистерски студии по диететика и диетотерапија.

Сепак, животот ја однесе во една поинаква приказна наречена FitLife. Со вежбање започнала многу одамна, уште на 14-годишна возраст и од тогаш до денес единствената апсолутна пауза од вежбање ѝ биле само првите 2 недели после породувањето.

– Иако сум професионално медицинско лице и многу луѓе се чудат зошто не работам како фармацевт, сепак мојата животна одлука е дека сакам да сум среќна и да го работам онашто вистински го сакам и ме исполнува. Имав прилика да работам и како фармацевт, но после краток период сфатив дека јас сум најсреќна и најисполнета во сала.

Понекогаш факултетот е само една добра насока за тоа што сакаме да бидеме во животот. Сепак, фармацијата и вежбањето не е дека не се поврзани, бидејќи сакам да ја заокружам едукација токмуво таа насока во која што сакам да се насочам во животот и оваа година се запишав и на магистерски студии по диетиетика и диетотерапија – објаснува Младеновска.

* Кои се придобивките од пилатесот? Како пилатесот го одржува нашето здравје и тело?

– Пилатесот е физичка активност која ги активира сите мускули во телото, споредено со други типови на тренинг кои се фокусираат само на одредени мускулни групи или пак се чисти кардио тренинзи. Пилатесот ги раздвижува и активира дури и оние најмали мускулчиња кои не ни знаеме дека постојат. После добар час пилатес, наредниот ден веќе знаете (се смее).

Вежбите во пилатесот се конципирани така што постепено се постигнува активација на целото тело што ја забрзува циркулацијата и го подобрува дотокот на крв во сите органи. Тоа предизвикува забрзана елиминација на токсини од телото, чувство на леснотија, зголемена енергија и уште милион други придобивки кои се резултат на целокупното раздвижување на телото кое ретко се постигнува со друга активност.

Дополнително, пилатесот е активност која ги поврзува телото и умот, што пак помага и за подобар метален фокус, поголема концентрација, подобар сон или едноставно поквалитетен живот.

* Што е поефикасно за обликување на телото? Аеробик или пилатес?

– Ова прашање е едно од најчестите прашања кои постојано ги добивам. Која било физичка активност доколку ја комбинирате со здрав начин на исхрана, ќе има ефекти врз килограмите. Кога е во прашање аеробикот или пилатесот и треба да го одберетеедното или другото, за иницијално слабеење подобар е аеробикот. Сепак тоа е кардио активност која претежно ги активира големите мускули и ви го забрзува пулсот.

Аеробикот троши многу калории, дури над 600 калории за време од 60 минути, што сепак зависи од тежината и висината. На забавен начин, преку ритмички движења изведени на мотивирачка музика, не се ни чувствува кога поминале 60 минути, а вие веќе сте извежбани.

Пилатесот од друга страна, можеби троши помалку калории, но пак има посилен ефект врз мускулите. Тој ги обликува мускулите на елегантен начин и формира мускулни влакна кои траат за цел живот.

Најдобри ефекти за телото сепак се постигнуваат со комбинација од активности: аеробикот троши иницијално повеќе калории и помага за слабеење, а со пилатесот си ја подобрувате координацијата, еластичноста, држењето на телото и едноставно ги тонирате мускулите.

За оптимални резултати мој совет е комбинација од 2 часа неделно аеробик и 2 часа неделно пилатес, иако јас вежбам многу повеќе од тоа.

* Кој е најдобриот начин за трајно губење на килограмите?

– Не постои брзо слабеење кое ќе биде трајно и за тоа треба да бидеме свесни. Сите знаеме дека секоја добра работа во животот бара време, па така е и со слабеењето: колку повеќе време треба за да ги загубите килограмите, толку поефикасно сте ги загубиле.

Диетите кои гарантираат губење на 5 килограми за 5 дена најчесто имаат силен „јо-јо“ ефект, па следните 5 дена кога ќе ја прекинете диетата, ќе качите уште 5 килограми дополнително.

Ако сакаме вистински и трајни резултати мора да бидеме спремни да жртвуваме подолго време и никогаш да не се залетуваме премногу на почетокот. Поставувањето на строги правила во секојдневното живеење е навистина тешко и речисиникогаш не завршува со убав резултат, затоа што кога-тогаш искушенијата надвладуваат.

За трајно слабеење потребна е промена на животниот стил. Здравите навики во исхраната и физичката активност се клучот за успех. Кога велам здрава исхрана не мислам засекогаш да се откажете од слатки задоволства, потребно е да се направи само еден добар баланс на внесот и потрошувачката.

Можеби луѓето кои не ме познаваат мислат дека јас се хранам 24/7 со 100% здрави намирници, но сепак и јас знам да изедам цело чоколадо (иако многу ретко) кое гобалансирам со потрошените калории на тренинг, па затоа секогаш сум на нула и никогаш не сум имала проблеми со килограмите. Дури и во бременоста се поправив само 5 килограми кои беа всушност самото бебе (се смее).

* Во постојана трка со времето, луѓето во денешно време често консумираат брза и неквалитетна храна и вештачки пробиотици, наместо природни како на пример функционалниот јогурт. Кое е вашето мислење за природните пробиотици наспроти пробиотските додатоци?

– Секако дека природното е најдобро, а пробиотиците се „задолжителни пријатели“ на нашите црева. Многу често луѓето се жалат на дигестивни проблеми, надуеност, забавен метаболизам и никогаш не ни претпоставуваат дека можеби токму цревната флора е виновник за тоа.

Природните пробиотски култури како функционалниот јогурт треба да бидат задолжителна намирница со цел воспоставување на совршен баланс во организмот.

* Соодветен пример на нашиот пазар за природен пробиотик е Баланс +, природниот пробиотски јогурт кој помага во одржувањето на балансот во организмот. Зошто овој производ е корисно да се консумира?

– Пробиотскиот јогурт Balans+ е совршен пробиотик затоа што содржи активни јогуртни култури кои ја подобруваат дигестијата.

Дополнително, овој јогурт содржи и калциум, па такапретставува функционален и хранлив производ кој навистина доколку се консумира редовно, им помага на цревата и организмот да функционираат совршено.

* Кој е најдобриот начин за доведување на организмот во совршен баланс?

– Според мене умереноста, посветеноста и упорноста се клучот за совршен баланс во животот. Физичката активност е дефинитивно нешто што најмногу помага да го постигнете тоа, затоа што таа нѐ учи пред сѐ на упорност, а индиректно ги чувствуваме и сите други бенефити кои ги нуди.

Хормонот на среќа кој се лачи после вежбање нѐ прави поисполнети, поорганизирани и помотивирани, го намалува стресот, го подобрува сонот, па сето тоа придонесува за подобрување на квалитетот на живот.

Балансот во телото потекнува од умереноста и е комбинација од повеќе фактори. Во прв план според мене се здравата и балансирана исхрана, физичка активност и квалитетниот сон.

* Сѐ повеќе среќаваме статии фокусирани на режимот на исхрана. Која е Вашата перцепција за овој тренд и што според Вас значи да се храниме здраво и балансирано?

– Трендот со здравата храна навистина е во подем последните неколку години и ставовите на таа тема можат да бидат доста контрадикторни. Бидејќи на интернет има да се прочита сѐ, многу е тешко читателот да процени што е релевантно и точно во вистинска смисла на зборот.

Сепак, најдобар совет во поглед на храната и балансот со оброците е да си го слушаме сопственото тело. Сите ние знаеме после која храна се чувствуваме убаво, знаме што ни прави потешкотии со варењето и што прави да се чувствуваме летаргично.

Не може да јадете чиа пудинг само затоа што е здрав и содржи многу омега 3, а после тоа 2 дена да се чувствувате надуено. Треба да знаете дека таа намирница и покрај фактот што е нутритивно богата, сепак не е компатибилна за вашиот организам.

Да се храниме здраво и балансирано значи да бидеме умерени со сѐ и да внесуваме храна во согласност со нашите енергетски потреби. Секако дека пржена, конзервирана и храна богата со транс масти треба да внесуваме ретко или воопшто.

За совршен баланс приоритет на трпезата треба да ни бидат нутритивно вредни намирници, квалитетни протеини, здрави масти, свежа храна и храна богата со пробиотици.

* Инаку, освен што сте инструктор по аеробик и по пилатес, Вие сте и магистер по фармација. Од каде желбата за една ваква професионална надоградба?

– Фармацијата и фитнесот убаво се вклопуваат затоа што како фармацевт точно знам како функционира човечкиот организам од аспект на анатомија и физиологија и како нашето тело се однесува со нутритиентите кои ги внесува.

Иако кога се запишав на факултет не се замислував во позицијата во која сум сега, сепак среќна сум што тоа што го работам ме исполнува вистински. Тоа што сум едуцирана и медицински ме прави само посупериорна во работата.

* Вашето искуство и знаење редовно го споделувате на специјализираниот сајт Fitlife каде, меѓу другото, може да се најдат и рецепти за здрава исхрана. Кои здрави оброци треба да бидат задолжителни на нашето секојдневно мени?

– Правилата кои јас ги следам во однос на исхраната се едноставни и се трудам да им ги пренесам на моите фанови споделувајќи корисни статии, совети и рецепти на мојот сајт www.fitlife.com.mk

Тоа што е најбитно според мене е баланс во оброците. Задолжителни намирници за оние штосакаат да се хранат здраво се: свежото овошје и зеленчук, месо, риба, јајца, житарки, јаткасти плодови, мед, мешунки, маслиново масло и храна која содржи сложени јаглехидрати како што е оризот (јас преферирам интегрален, многу ми е повкусен, а и содржи повеќе влакна), компир и сл.

Тоа што го избегнувам и што ги советувам и моите фанови да го консумираат умрено се слатките, десертите, чоколадите, готови пудинзи, конзервираната и купена храна, бел леб и тестенини, газирани пијалаци итн. Секогаш преферирам и советувам домашно подготвена храна затоа што така сум сигурна што има во оброкот и точно знам што и колку содржи мојот оброк.

Исто така многу е битно храната што ја внесуваме да биде во согласностсо нашите енергетски потреби, затоа што и покрај фактот што некоја храна е здрава, таа сепак содржи калории. За баланс во телото треба да внесуваме толку колку што и трошиме.

* Минатата година станавте мајка. Кои беа Вашите секојдневни ритуали за време на бременоста во поглед на исхраната и на физичката активност и што би им советувале на идните трудници?

– Па јас искрено имав доста нестандардна бременост, вежбав до последен ден и тоа не само што вежбав, туку и регуларно си држев тренинзи во улога на инструктор. Последниот час го имав ден пред породување (се смее).

Во поглед на исхраната бев навистина многу принципиелна, иако секогаш се трудам да се хранам здраво, бременоста некако ми ја потенцираше свесноста за храната затоа што знаев дека од тоа што јас го јадам, хранам и друг организам кој треба од клетка треба да стане човек.

Таа помисла не ми дозволуваше да јадам чоколади, чипсови, тесто и конзервирана и готова храна. Секогаш помислував дека многу е подобро да внесам храна богата со нутритиенти, витамини и минерали која и на моето бебеќе му ги обезбеди сите хранливи состојки за правилен раст и развој и секогаш таа помисла победуваше.

Секако, и вежбањето си имаше многу бенефитизатоа што благодарение на физичката активност не ја ни почувствував бременоста, немав отоци, нити пак задршка на течности, крвната слика ми беше одлична во текот на сите 9 месеци и освен витамини, не примав никаква терапија.

За идните мајки ова се моите кратки совети:

·  Хранете се здраво и балансирано, не јадете оброци за двајца

Поговорката „Јадете за двајца“веќе одамна не важи. Кога е во прашање исхрана, не е битно количински да јадете многу и повеќе од претходно, туку битно е тоа да биде нутритивно вредна храна богата со хранливи состојки, витамини и минерали.

Внимавајте со шеќерот, белото брашно и грицките, нив морате да ги сведете на минимум. Храната би требало да биде претежно протеинска и секојдневно да внесувате многу свежо овошје и зеленчук.

Лошата исхрана и зголемување на килограмите повеќе отколку што е дозволено си носи ризици и за мајката, но и за бебето. Дебелината во бременоста е причина број 1 за појава на гестацискидијабет и висок крвен притисок што може да има навистина лоши последици.

·  Бидете физички активни

Доколку пред бременоста сте биле физички активни, така треба и да продолжите. Вашето тело е навикнато на физичката активност и тоа само позитивно ќе влијае и на вас и на вашето бебе. Бременоста не е период кога треба да започнувате со нови активности и да пробувате екстремни спортови, но сепак доколку имате дозвола од вашиот доктор, останете максимално физички активни.

·  Правете ги сите прегледни редовно

Соодветниот лекарски надзор во бременоста е клучен за здравјето на бебето, но и на мајката. Постојат неколку задолжителни прегледи/скрининзикои е препорачливо да се направат. Исто така, мајката мора да ја следи и крвната слика (барем еднаш месечно), да прави микробиолошки испитување за исклучување на инфекции кои можат да бидат зачестени во бременоста.

·  Внимавајте на хигиената

Хигиената е од особено значење во бременоста затоа што бремените жени се многу подложни на инфекции кои многу често знаат да бидат и без симптоми, а можат да му наштетат и на плодот, но и на мајката.

·  Имајте квалитетен сон

Сонот е важен за секого, но бремените жени поради хормонските промени имаат зголемена потреба за сон и тоа особено во првото тримесечје. Сонот е важен за одмор и за регенерација на целото тело.

* Каков совет би им дале на оние кои сакаат да го подобрат нивниот начин на живот, но не знаат како?

– Јас би ги советувала да започнат со мали промени со кои ќе постигнат големи резултати. Вежбањето и здравата исхрана не треба да се прават само 2-3 месеци пред лето, туку постојано и посветено. Тие треба да бидат секојдневие, а не само строга кампања од неколку месеци која многу брзо ќе нѐ измори.

За промена на начинот на живот треба најпрво желба, упорност и истрајност. Сите квалитетни работи се градат подолго време, па и со начинот на живот е така. Пред сѐ мораме да си поставиме цел, да ги вложиме сите сили и да бидеме истрајни до крај.

* Како Вие лично се мотивирате? Кој е Вашиот рецепт за среќа?

– Мотивација си црпам секогаш од малите секојдневни успеси, од завршување на обврските навреме, од посветеноста која ја имам кон тоа што го работам и нормално од фидбекот кој го добивам од задоволните клиенти.

Рецептот за среќа лежи во малите работи, а тоа е трпение, љубов, насмевки и љубезност. Среќна сум кога вежбам, кога готвам убави, здрави оброци за моите најмили, кога го поминувам времето со саканите, но моментално најсреќна ме прави мојата малечка Ана.

Таа ми е мотивација да бидам уште подобра и поуспешна личност, затоа што знам дека децата се огледало на нивните родители.

Извор: Женски магазин