n Чај кој најдобро го раздвижува организмот - Balansplus.mk
Чај кој најдобро го раздвижува организмот
18/08/2016

Чајот од нане е најдобар сојузник во борбата против летните горештини. Овој напиток истовремено ја гаси жедта и го освежува и ојачува желудникот и цревата.

Истовремено, етеричните масла и ментолот од нането ве разладуваат и ефикасно го спречуваат развојот на штетни бактерии во цревата.

За чајот да биде пријатно ароматичен, важно е да ја ублажите неговата горчина. Затоа листовите нане треба да ги прелиете со вода што врие, која по 20 секунди ќе ја истурите, а листовите одново ќе ги полиете со зовриена вода.

Вака подготвениот чај нема да има горчлив вкус, а може да го засладите и со малку мед.