Ден 24
14/04/2019

Појадок: Брускети со песто, моцарела и маслинки

Три интегрални лепчиња ги потпекуваме во рерна на 180 степени околу 15 минути , прво намачкани со маслиново масло, песто, па рендана моцарела и ситно сечкани маслинки. Се јаде со 150 g Balans+ кисело млеко. 1 голема шолја кафе

Ручек: Пилешка чорба со салата

Сварете на тивок оган 50 g пилешки гради исечкани на ленти во две шолји пилешки бујон со 5 исечкани млади моркови, една дршка исечкан целер и една лажичка свежо исечкан магдонос. Варете додека пилешките гради и зеленчукот не омекнат. Додадете како прилог на чорбата шолја обарен грашок (може и вариво) и половина исечкан домат.

Ужинка: 1 крушка и шолја зелен чај

Вечера: Киноа со зеленчук и моцарела

½ чаша варена или из‘ртена киноа, ½ тиквичка, 1 зелена пиперка, 50 g моцарела во вода 1 лажица маслиново масло, малку хималајска сол и зачини по желба

Подготовка: Киноата се вари претходно откисната во вода, зеленчкукот настрана се пропржува со кромид и зачини, се соединува и се додава сечканата моцарела. Може и да се потпече. Зачини по вкус.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари