Ден 3
14/04/2019

Доручек: Енергетско смути

Половина банана, 250 g Balans+, 30 g (една лажица) протеин од сурутка, 1 живо јајце, 1 лажица мелен лен, 1 мала лажичка какао и 2-3 коцки мраз. Изблендирајте ги состојките за да добиете хомоген течен пијалак. Шолја црно кафе

Ручек:  Динстано телешко месо 200 g со рузмарин и пире од карфиол 150 g.

Месото исечкано на коцкички посолете го со малку хималајска сол, црн бибер и сенф. Пропржете го кратко дури малку не зарумени, потоа налејте 200 ml вода. На крај додадете го рузмаринот и поклопете го тавчето. Се динста минимум 1 час.

Карфиолот насечкајте го на ситни цветчиња и ставете го во вода да се свари. Кога убаво ќе омекне, тргнете го од оган и со алатка за пире убаво изгмечете го. На крај додадете 1 лажица маслиново масло, 1 лажица куркума, малку сол и зачини по сопствен вкус.

Ужинка: 1 јаболко исечкано на кришки, поросено со цимет.

Вечера: 1 канче Balans+ кисело млеко со порција варен интегрален ориз и малку кари.

Една мала шолја ориз се вари во вода што врие, се процедува низ цедалка со ладна вода, во сад се меша добро со маслиново масло, се додава малку хималајска сол и кари.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари