Ден 9
14/04/2019

Појадок: Тост со јајца

Две тврдо варени јајца. Едно парче интегрален тост леб. Сечкан домат и лист марула. 180 g Balans+ кисело млеко. Една голема шолја кафе

Ручек: Посна зеленчукова тава

80 g компир, 150 g печурки, тиквичка, модар патлиџан, домат, пиперка, кромид. Сето ова се пропржува на маслиново масло со бибер и црвен пипер, се додава вода да се свари малку и се пече во рерна. Печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.

Ужинка: Eдна крушка и шолја какао

Вечера: Пилешки ражнич

Нанижете на стапче за ражнич пет шери домати, еден помал кромид исечен на четвртини, 100 g пилешки гради исечкани на парчиња и 3 печурки исечкани на парчиња. Печете на скара додека зеленчукот не омекне, а пилешкото добро се испече.

Измешајте една чашка исечкана марула со четвртина исечкано авокадо и зачинете со една лажица маслиново масло и четвртина лажица балсамико оцет.

Една шолја билен чај или вода.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари