Дигестивниот систем има свој природен ритам, којшто е важно да се следи со здрави навики и консумирање храна што е навистина добра за организмот. Ова значи редовни и здрави оброци, во точно одредено време, со цел да се следи природниот ритам што го диктира телото.
Редовните оброци во одредено време обезбедуваат чувство на ситост, го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат гладот во текот на денот. Чувството на ситост се создава бидејќи оброците се подредуваат со соодветни паузи, и со доволен број закуски кои ја одржуваат ситоста.
При одржување на здрав дигестивен систем потребно е да се избегнува храна богата со јаглени хидрати, бидејќи поттикнува нерамнотежа на бактериите во цревата. Од таа причина, лебот, закуските и колачите треба да се намалат што е можно повеќе, или барем да се контролира нивното внесување.
Избегнувајте грицкање храна надвор од планираното мени за тој ден, бидејќи тоа честопати се чини дека е од досада, а претставува сериозен товар за телото и дигестивниот тракт. Користете пробиотска и пребиотичка храна, затоа што ги спречуваат воспаленијата во цревата, а истовремено придонесуваат за оптимално функционирање на сите процеси во организмот.
Дигестивниот тракт е сложен, но чувствителен механизам во организмот кој обработува огромни количини храна на дневна основа, поради што е потребно да се следи ритамот што тој го наметнува. Ова подразбира здрава и квалитетна исхрана, односно употреба на храна што не го нарушува овој процес.
Една од нив е јогуртот со пробиотик Баланс+, чии позитивни ефекти се клинички докажани, па лекарите го препорачуваат како составен дел од оброкот што придонесува за подобро расположение, побрз метаболизам и нормално функционирање на дигестивниот систем. По само 10 дена редовно консумирање на Баланс+ јогуртот по 500 милилитри дневно ќе се почувствуваат сите придобивки.
Пробиотиците и пребиотикот од Баланс+ јогуртот имаат позитивен ефект врз работата на дигестивниот систем а преку него и врз целосниот организам и со редовно консумирање, сите тегоби, надуеност и други проблеми поврзани со дигестивниот систем ќе исчезнат. Здравјето на вашето тело зависи единствено од вашите здрави навики и правилен избор за исхрана.